
За таа цел е потпишан Меморандум за разбирање и соработка со Фондацијата за негување на македонското културно наследство „МАКЕДОНИКА" - Скопје, која е лидер во електронското издаваштво.
Со ова се потврдува започнувањето на заедничките проекти на овие две институции од областа на електронското издаваштво и воведувањето нови аудио-визуелни пристапи во идните изданија. На почетокот ќе бидат објавени е-учебници од неколку факултети.
На овој начин Македонија се доближува до светските трендови за создавање безхартиено академско општество.
Ова е голем чекор кон поквалитетно и модерно универзитетското образование со што УКИМ ја задржува лидерската позиција во Републиката.