Имено, станува збор за „Вкус на Генарацијата ЦЕ“ која претставува нов манифест на еден од нашите омилени домашни брендови. Новата кампања е инспирирана од самите потрошувачи на Цедевита, а кои се всушност сите генерации и животни стилови и како такви припаѓаат на една нова универзална и единствена генерација ЦЕ.
Цедевита ја претставува и промовира како прва генерација која не се идентификува преку годината на раѓање, туку преку состојбата на духот и заедничкиот систем на вредности.
Негува позитивен дух и заедништво, не робува на предрасудите туку ја поврзува различноста. Тоа е генерација која не се срами да покаже емоции, бидејќи знае која е суштината на животот во поврзување и делење на важни моменти со другите.
ЦЕДЕВИТА – ВКУС НА ГЕНЕРАЦИЈАТА ЦЕ
Основна карактеристика на омилениот напиток е од секогаш иста – освежување. Денес освежувањето не се однесува само на гасење на жедта, туку е всадено во умот на потрошувачите. Новата генерациа сака да ги освежи емоциите, врските, идеите и мислите. Со тоа, повеќе не е доволно да се разговара за традиционалната дефиниција за освежување, односно за функционалноста на 9-те витамини на Цедевита кои придонесуваат исклучиво за освежување и подигнување на енергијата.
НОВА КАМПАЊА
Преку новата кампања Цедевита порачува дека годините се состојба на духот и дека секое време е добро време за освежување. Новата комуникација и кампања обилува со инспиративни сцени, луѓе со карактер кои се автентични љубители на Цедевита и авторска музика која потсетува на поранешните промотивни кампањи на брендот, кои ги сакавме да ги слушавме, а не само да ги гледаме.
Кампањата е создадена во соработка со Цедевита и креативната агенција Лео Бурнетт Белград, под водство на Ања Радуловиќ, а спотот го реализираше продукциската куќа Туна Фиш и режисерот Коста Глушица. Како живее, за што сонува и во што верува Генерацијата ЦЕ, можете да откриете во новите ТВ спотови.
(Комерцијален текст)