Благодарност до сите медицински работници

Под силен впечаток од моќниот цитат „Здравјето е човеково право“, но и свесни за околностите во кои грижата за пациентите станува се покомплексна, вработените во Алпско деновиве иницираа неверојатна акција за поддршка на медицинските работници на Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје.

По примерот на многу поединци и компании што несебично се вклучија во поддршка на медицинските работници, Алпско самоиницијативно одлучи да дистрибуира бесплатни појадоци за вработените на Клиниката за инфективни болести и со тој скромен гест да им се заблагодари за сета грижа и пожртвуваност во ова време на пандемија.

Иницијативата да се поддржат медицинските лица, кои како никогаш до сега се под голем товар, е да им се помогне користејќи го главниот извор на компанијата; здрав и вкусен јогурт со топло домашно пециво подготвено со многу љубов. Така, вчера беа испорачани 180 оброци согласно распоредот на докторите и сиот медицински персонал на Клиниката.

„Знаејќи дека околностите со вонредни повици и состојби за медицинските лица значат немање загарантирано време за појадок или за кафе, решението се наметна само од себе - на овие луѓе им треба оброк! Контактиравме со Клиниката и се согласивме да им доставиме здрави и вкусни појадоци на медицинските лица според распоредот и количината што ја бараа“ - додаваат од компанијата.
 

Преку ваквите и слични иницијативи согледуваме колку е важна солидарноста и колку си требаме едни на други. А со благодарноста искажана кон храбрите и совесни доктори и медицински лица, на сечија радост е воочливо дека сеуште постои многу добрина меѓу луѓето.

(Комерцијален текст)

29 април 2020 - 13:18