Барање на мајките од Тетово

Бараме од Владата да најде механизми за сопирање на работата на Југохром сè додека не се постават филтри според бараните стандарди, притоа и да се има предвид како да се постапи со вработените во истиот комбинат.

Владата треба да ја преиспита одлуката за продолжување на рокот за работата на комбинатот Југохром кој на 3 јануари вклучи уште една печка. Секое дневно мерење на загаденоста на воздухот со ПМ10 субстанции (честички во воздухот) кај нас како мајки предизвикува голема загриженост и револт. Сека кога и дел од лекарите зборуваат за зголемена бројка на заболени, факт кој и ние го доживуваме, ни ја буди моралната обврска за да застанеме против овој сосема неморален чин кон секој граѓанин посебно кон нашата иднина, децата.

ОД Советот на граѓанското движење Мајка.

петиција

4 февруари 2015 - 08:50