5 години гаранција со Горење - СЕКОГАШ НА ВАША УСЛУГА

Компанијата за производство на апарати за домаќинство Gorenje Group уште еднаш ја докажа довербата кон своите потрошувачи и ја потврди позицијата на пазарот помеѓу осумте најпродавани и најголеми производители на апарати за домаќинство во Европа.

Уште еден показател за пазарната позиција е последната акција која што ја започна Горење (Gorenje) – корпоративна понуда насловена "Секогаш на ваша услуга - 5 години гаранција на апаратите од бела техника".

Петгодишната гаранција претставува бесплатна и целосна гаранција, која покрај многуте можности вклучува отстранување на функционални дефекти кои оневозможуваат нормално и адекватно работење на апаратите од бела техника на Горење (Gorenje).

"Квалитетот и сигурноста на апаратите од бела техника на Горење (Gorenje) е една од главните причини зашто се одлучивме за оваа акција. Покрај најновата технологија, модерниот дизајн, врвниот квалитет и функционалноста, сега со продолжената гаранција на апаратите за домаќинство на 5 години ќе можете да бидете сигурни во нашиот квалитет подолг временски период" изјави директорот на Горење (Gorenje) во Македонија, г-дин. Ненад Јовановиќ.

Исто така, дополнителен новитет претставува отворањето на новиот Call Center во рамки на Горење (Gorenje) сервисот. Со овој чекор се нуди грижа, навремено и брзо советување за состојбата на вашиот апарат и секако, поврзување со професионалната сервисна мрежа низ Република Македонија. Сервисерите на Горење ќе се погрижат квалитетот на работа на апаратите од бела техника на Горење (Gorenje) да остане во континуитет и истовремено, по потреба, брзо и квалитетно да го отстранат дефектот од вашиот апарат со вградување исклучиво оригинален резервен дел од асортиманот на Горење (Gorenje). Покрај монтажата, сервисот врши набавка и продажба на оригинални резервни делови од асортиманот на Горење (Gorenje).

За подетални информации погледнете на www.gorenje.com.mk или пак јавете се во нашиот Call Center на телефонскиот број: 02/32 99 111

(комерцијален текст)

 

25 септември 2014 - 15:19