Желки се развеле после 115 години

Заедно пораснале, се засакале, станале партнери и живееле среќно и весело. Одеднаш, нејќат да се видат. Добро, не може да се каже дека не пробале бидејќи бракот им траел 115 години.

Женката Биби и мажјакот Полди се гигантски желки тешки стотина килограми кои 36 години живеат среден и среќен семеен живот во Зоолошката градина во Клагенфурт, Австрија. Претходниот дом им бил во Зоолошката во Базел, Швајцарија. 

Нераздвојни партнери се од најмали нозе, а стари се по 115 години.

Само тие двајца си знаат што се случило меѓу нив поради што Биби одеднаш пробала да му откине парче оклоп на Полди. Нималку наивно, бидејќи овие желки, иако беззаби, имаат фасцинантна вилица со која можат да го убијат партнерот ако сакаат.

Биби не го убила Полди ама продолжила да го закача. Кога видел дека таа нема намера да престане, Полди се повлекол од домот и побарал друго ќоше, по што бил префрлен во нов кафез.

Управата на Зоолошката повикала експерти кои пробале да бидат брачни советници. Со храна која на желките им е афродизијак, со "местенки" да си играат. Ништо.

"Имаме чувство дека навистина нејќат веќе да имаат ништо заедничко," вели човек од екипата кој забележал дека Полди особено инсистира на тоа да биде сама и да не го дели кафезот со оној кој 115 години ѝ беше желурок на нејзиниот живот.

Од оние животни кои живеат во двојки, најчесто склони кон развод се птиците.

9 јуни 2012 - 18:24