Згради за стока

Идејата звучи како да може да дојде само од Кинез, ама напротив прво пробана е во Европа и не успева баш најдобро, па сега Кинезите решаваат да ја унапредат и прошират - чување свињи во згради.

Во Европа ги водат како „хотели за крмаци“ и беа замислени како фарми за свињи на 2 до 3 спрата.

Кинескиот проект е малку поинаков, и во него свињите веќе се одгледуваат во две одделни згради на 7 катови. Намерата на кинеските сточари е ова да биде проширено со уште 4 нови згради од кои две ќе имаат 13 ката. И покрај високите трошоци за инвестиција, хотелите стануваат се почест тренд меѓу кинеските сточари водени од незапирливата побарувачка на тамошниот пазар.

Конкретната фарма ќе има околу 30.000 маторици кои годишно треба да родат околу 840.000 прасиња. Фарми со слична површина што се само со приземје имаат капацитет од околу 8.000 маторици.

Освен цената за изградба, сериозен проблем е распространетото ширењето болести меѓу кинеската стока, што станува уште поризично кога има повеќе животни под еден кров, посебно кога нивната околина нема никаков допир со природата и целосно е контролирана од клима уреди и средства за дезинфекција.

 

14 мај 2018 - 13:39