Сер Дејвид Хетероу

На удар на често пати досадното геј лоби се најде и култниот Сер Ричард Дејвид Атенбороу. Што е па тој кабаетлија? Ги игнорирал хомосексуалните животни.

Човекот кој остави неодминлив печат на нашето знаење за природата и животот на Земјата е обвинет дека систематски и упорно ја бутка под тепих хомосексуалноста кај животните.

Медиумскиот експерт и предавач Брет Милс вели дека хомосексулноста може да се забележи кај многу видови но тоа го нема во емисиите на Атенбороу кој инсистира на семејни вредности и толкувања, намерно занемарувајќи поинакви интерпретации.

Милс мисли дека е скроз нефер што сцена од мајмуни кои се гушкаат Атенбороу ја толкува како знак на блискост и пријателство а кога машки птици вртат еден покрај друг, тоа го дешифрира како агресивно однесување.

Хетеросексуалноста е само една опција во сексуалниот живот на животните, вели Милс.

12 февруари 2013 - 13:06