Супермаркет за отпад

Супермаркет ко супермаркет, има сè од шишиња, батерии, четки за заби, лименки, кутии цигари... единствено што се разликува е потеклото на сите овие производи - отпадот што луѓе го фрлаат покрај локалното езеро.

„Мој Бајкал“ финансирана од властите на Иркутск, заедно со маркетигн агенцијата СДЛ, отвораат прв супермаркет за продажба на ѓубре собрано на брегот од Бајкалското езеро.

Парите собрани од продажбата ќе одат кај оние што го снабдуваат супермаркетот, еко-активистите кои 2013 го чистат брегот на езерото.

Кутија цигари чини 256 рубљи (3,14 евра), конзерва од храна е 483 рубљи (5,93 евра), додека две батерии АА се 10.560 рубљи (130 евра).

Цената е пресметана од еколозите во зависност од тоа колку прават штета на животната средина, а како фактори што се земаат предвид се време на распаѓање, начаин на производство, трошоци за преработка и друго.

Заради ова и батериите се толку скапи, бидејќи една батерија загадува површина од 20 метри квадратни, главно затоа што содржи тешки метали како цинк, олово, жива, манган и никел. Батеријата буквално го труе земјиштето околу себе и го прави стерилно па на него не можат да никнат никакви растенија.

Освен собирање пари за волонтерите што го чистат езерото, намерата е и малку луѓето да размислат и да бидат поодговорни околу масовното трошење и купување.

Продавницата ја имате тука.
 

11 ноември 2021 - 11:26