Пожарникари мерат температурата во Сиетл

Состојбата во американските болници е напната. Сезонскиот грип, но пред сè недостатокот од персонал, прават поголеми гужви и од коронавирусот. Работата оди дотаму што од оддел за Ургентна помош во немоќ се јавиле на 911 (Пожарна), да дојдат да помагаат.

Иако пандемијата е под контрола, болниците ширум САД се преполни заради силниот бран на сезонски грипови - особено респираторните вируси кај децата - и недостатокот на медицински персонал. Педијатриските кревети се зафатени, луѓе со потреба од итна нега со часови кмишат по одделенија, ходници па и паркинзи, а некои болници подигнаа и шатори на отворено што потсетува на првите денови на пандемијата.

Во една таква гужва, главната медицинска сестра на Ургентно во Сиетл ѕвонела во пожарна објаснувајчќи им „луѓе се дават и се во ужасна состојба“, по што шефот на службата пратил екипа во болницата да помогнат во чистење на собите, менување постелнина и мерење витални функции кај пациентите.

Во чекалната затекнале преку 45 луѓе и само пет медицински сестри. 

„И покрај 300-те отворени работни места, конкретно во одделението за итна помош има нула заинтересирани кандидати. Нула!“, вели првиот човек на болницата. 

Само минатата година, преку 300 илјади здравствени работници го напуштиле секторот, поради презаситеност, прегреаност и други стресогени фактори поврзани со пандемијата.

Во Питсбург, пациенти за преглед чекаат и по 8 часа, а болниците во Оукланд и Сан Франциско моментално имаат повеќе хоспитализирани отколку кога било за време на пандемијата. Во Масачусетс пак,  здравството има над 19.000 непополнети работни места.

10 ноември 2022 - 00:16