Половина од жителите во жариштата во Италија се позитивни на антитела

Над половина од населението на Бергамо, каде што е спроведено истражувањето, имаат ковид-19 антитела, објавуваат италијанските здравствени власти.

Во студијата тестиран е примерок од 9.965 жители кои правеле тест со давање крв во периодот од 23 април до 3 јуни. 57% од нив ги имале антителата што значи дека биле во контакт со болеста.

Италијанските здравствени власти објаснуваат дека тестот се базирал на случајно избрани учесници и бил доволно опсежен за да може да се донесат заклучоците. Тие подоцна дополнуваат дека најголем дел од тестираните се жители во најтешко погодените области и голем број од нив биле ставени во карантин.

Тест во кој се опфатени 10.404 здравствени работници - кои генерално влегуваат во групата на високоризични - покажал дека 30% од нив се позитивни.

Бергамо беше најтешко погодениот град во Италија, во кој бројот на смртни случаи во март се зголеми за 568%. Ломбардија, провинцијата во која се наоѓа Бергамо, до сега има пријавено 13.609 смртни случаи.

9 јуни 2020 - 09:12