Не се крстете во вакцина

Човештвото ќе мора да живее со заканата од коронавирус „во догледна иднина“ и да се адаптира на тоа бидејќи нема гаранција дека може успешно да биде развиена вакцина, порачува еден од водечките светски експерти околу болеста професорот по глобално здравје на Империјалниот колеџ од Лондон, Давид Набаро.

Набаро, кој инаку е и пратеник на СЗО за ковид-19, на британската јавност и порачува дека не треба да претпоставува дека вакцина дефинитивно ќе биде развиена во скоро време.

„Не секогаш развиваш вакцина која е безбедна и ефикасна против секој вирус. Некои вируси се многу, многу тешки кога е во прашање создавање вакцина - па во догледна иднина, ќе мора да најдеме начини како да продолжиме со нашите животи со вирусот како постојана закана.

Ова значи изолирање на оние кои покажуваат знаци на болеста а исто така и нивните контакти. Постарите луѓе ќе мора да бидат заштитени. Плус ќе мора да бидат обезбедени болнички капацитети за справување со заразените. Ова ќе биде новата нормала за нас,“ изјавил Набаро.

Претходно, раководителката на одделот на СЗО за нови болести и зоонози, Мариа ван Керков, предупреди дека нема докази дека тестовите со анти-тела кои сега се развиваат покажуваат дали човек има имунитет или дека повеќе нема ризик да биде заразен од ковид-19 вирусот.

20 април 2020 - 23:10