Маргаринот е поштетен од путерот

Во она што Форбс го нарекува "неочекуван развој на настаните" излезе дека вештачкиот производ всушност е поштетен за вашето срце отколку природниот.

Откритието се базира на претходно необјавени податоци за смртта на 458 заболени пациенти со срцеви заболувања. Бројките покажале дека кај групата која се префрлила од заситените масти (путер) на полинезаситени масти (маргарин) имало пад на холестеролот од 13%, ама и покрај тоа било поверојатно тие да умрат од срцева болест.

Студијата објавена во Британскиот медицински журнал се концентрира на ова истражување бидејќи тоа е единственото кое по случаен избор ги дели двете групи на пациенти (тие што ќе останат на путер и тие што ќе се префрлат на маргарин) и го студира влијанието од зголемената консумација на Омега 6 полинезаситени масти.

Причината за заинтересираноста за Омега 6 е што оваа маст преовладува во денешната исхрана на луѓето. Неа ја има во растителните масла (сончоглед, пченка, соја) и во маргаринот направен од овие состојки.

7 февруари 2013 - 10:14