Како да не станеш најздравиот човек

Човекот кој проба една година да живее библиски (се облекуваше, јадеше и се однесуваше како луѓето во Стариот Завет), кој ја прочита цела Британика и кој го аутсорсираше целиот свој живот во Индија, сега објави книга во која раскажува како за малку ќе умрел обидувајќи се да биде најздравиот човек на светот.

44 годишниот ЕјЏеј Џејкобс мина две години испробувајќи ги речиси сите здрави исхрани, диети и совети до кои можел да дојде. Се од телевизиски доктори и совети до најнови истражувања.

"Една од работите што најмногу ме изненади, е дека најголемиот дел од одржувањето на здравјето се основни работи - јадење свежа и непреработена храна, вежбање, не премногу седење и спиење и да не бидеш нервозен, депресивен или под стрес," објаснува Џејкобс.

На крај од целото искуство, Џејкобс има важна поената: фанатизмот, без разлика за што е, не само што може да биде смешен во одредени моменти, туку може и да ги натера луѓето да отидат во екстремност, кои во конкретниот случај тој ги нарекува "здравствени фундаменталисти."

Џејкобс признава дека целата работа околу што е здраво а што не е, станата е премногу компликувана. По него има два проблеми, прво луѓето читаат тоа што сакаат да го прочитаат, второ секој ден има некое ново истражување за една иста тема.

"Знаеме дека вежбањето е добро. Но верувајте ми, само затоа што бев очаен да не почнам со вежбање побарав и најдов докази дека вежбањето не е добро. Здравјето треба да биде како избирање филмови. Нема да одбереш кој филм го гледаш базирано на една критика, туку ќе видиш што велат сите критичари и ако е во горните 80 - 90 проценти ќе го одбереш. Исто и со здравјето, гледај да ги следиш советите што се во горните 80-90 проценти," појаснува Џејкобс за методологијата што ја користел за решавање на контрадикциите околу тоа што е здраво.

Во целото искуство најизненадувачко за Џејкобс било што луѓето навистина веруваат во работи кои немаат никаква научна поддршка, како магични тревки, ритуали и слични мирудии.

"Постои пракса на трепанација. Ова буквално е од времето на пештерските луѓе. Тие продупчувале дупка во главата на човекот за од нејзе да излезат зли духови. Денес има луѓе кои го пропагираат ова. Можеш да одиш на интернет и да побараш Здружение за трепанација. Неверојатно," објаснува Џејкобс.

9 јуни 2012 - 17:06