Анти-вакцинацијата ги врати сипаниците во Њујорк

На почетокот од веков сипаниците се сметаат за елиминирани во САД. Сега благодарејќи на брилијантни умови (од типот на Џејни МекКарти) кои во 21. век оспоруваат вакцинација, сипаниците повторно живнаа.

Извештаите од Њујорк се дека повеќе луѓе биле хоспитализирани со сипаници, а меѓу пациентите има и новороденчиња кои се премногу млади за да бидат вакцинирани.

"Затоа што американската јавност веќе некој период немала потреба да се грижи за некогаш исчезнатата болест, најголемиот дел од луѓето не ни знае дека таа може да убие или да ги остави децата трајно хендикепирани.

Има причина зошто ги вакцинираме луѓето.

Затоа што никогаш не сакам во мојата ординација да имам пациенти кои можат да фатат болести што се спречуваат со вакцинирање, затоа оние пациенти кои одбиваат да се вакцинираат не се добредојдени кај мене. Не можам комплетно да ја елиминирам можноста децата кои доаѓаат кај мене да бидат изложени на болести, ама ќе направам се што можам за да ја намалам опасноста. Никогаш не сакам да знам дека дете се разболело или умрело затоа што сум дозволил нивното здравје да биде загрозено од неодговорен пациент кој одбива да се вакцинира," пишува за Дејли Бист њујоршкиот педијатар Расел Сандерс.

Моментално случаи на сипаници меѓу другите градови има пријавено и во Бостон, Сан Франциско и Лос Анџелес, што според Сандерс ова е комплетно лудило бидејќи сега луѓе се хоспитализирани од болест која до пред неколку години била елиминирана.

"Сето ова е заради хистеријата околу безбедна и ефективна вакцина. Сето ова базирано на ништо.

Не постои легитимна научна полемика за тоа дали вакцините се безбедни или не. Почетната студија која не' стави на оваа патека, поврзувајќи ја вакцината со аутизам, е комплетно повлечена. Доказите против давање вакцина на здрави индивидуи се крајно неосновани.

И покрај ова луѓето продолжуваат комплетно неосновано да ја одбиваат вакцината. Новите информации во врска со нив покажуваат дека тие се имуни на убедување кога нивниот поглед на светот е соочен со непријатни факти.

Објаснувањето е едноставно и е јавно достапно. Луѓето што се противат на вакцинирање се одговорни за оживување на некогаш елиминираната болест. Нивното движење е одговорно за разболување на народот.

Противниците на вакцинирањето мислат дека тие носат одлука само за своето семејство. Всушност тие се закана за здравјето на сите останати. Одбивањето да ги вакцинирате вашите деца значи дека придонесувате за влошување на јавното здравје. Нема негирање на ова и нема убав начин да се каже ова," објаснува Сандерс.

Сипаниците се манифестираат со комбинација на осип, треска, кашлица и течење на носот. Најголемиот дел од пациентите ја прележуваат по некое време, меѓутоа на 1.000 случаи 1 пациент може да развие воспаление на мозокот, а 1 до 3 пациенти во 1.000 случаи умираат од болеста.

17 март 2014 - 13:46