А ова е твојот мозок на телевизија

Тоа што 20-тите години ги минувате во претерано гледање телевизија (граница која научно е сигурно многу пониска од она што ти мислиш), на 40 години ќе почне да ви се одразува на мозокот.

Студијата објавена во JAMA Psychiatry е крунисување на 25 годишното истражување во кое научниците следат 3.247 лица на возраст од 18 до 30 години кои треба да одговорат прашања за тоа колку гледаат телевизија и колку се активни. Прашалниците ги одговараат во првата, 5-та, 10-та, 15, 20-та и 25-та година од студијата.

353-та испитаници кои во повеќе од две-третини од проверките изјавиле дека гледаат над 3 часа телевизија дневно, се категоризирани во групата на луѓе кои гледаат големи количини телевизија, останатите се категоризирани дека гледаат умерено или малку телевизија.

На крајот од 25-годишната студија, секој од учесниците треба да решава три когнитивни тестови. Првиот (Digit Symbol Substitution Test/DSST) мери колку брзо еден човек може да најде смисла на нешто и да изврши когнитивна задача. Вториот тест (Stroop test) исто така навлегува во проценка на извршната функција (како човек ги менаџира времето и ресурсите за да постигне одредена цел). И во третиот (Rey Auditory Verbal Learning Test / RAVLT) се проверува вербалната меморија, преку способноста да ти текне на некој збор (на пример да повториш листа на зборови или кратка приказна).

После цело штимање на бројки и варијбли да не биде дека некои останати околности влијаеле на резултатите, се заклучува дека луѓето од групата што многу гледа телевизија (што по чисти бројки е нешто ситно повеќе од 10% од сите испитаници) било два пати поверојатно да имаат лоши резултати на првите два теста.

Од друга страна ова никако не влијаело на нивните резултати на третиот тест.

Истражувачите теоретизираат дека "физичката активност на почетокот од полнолетството веројатно ја зачувува когнитивната функција и придонесува на когнитивната резерва со зголемвување на производството на неврони, како и на синаптичната еластичност, посебно во региони поврзани со извршната функција и брзина на обработување."

3 декември 2015 - 18:38