Сопственикот на Тесла автомобил што доби казна за загадување

Џо Њуен ги минува последните 7 месеци обидувајќи се да ја увезе својата Тесла Модел Ес од Хонгконг во Сингапур. Само што влегува во кола завршува со казна за претерана емисија на штетни гасови. Не дека некој го мрази Џо, таков е законот во Сингапур.

Објаснувањето на сингапурските власти е дека според нивните тестови (базирани на европските), Теслата на Џо користела 444 ват-часови на секој извозен километар.

По ова тие ја пресметуваат количината на загадување што настанува при производството на електричната енергија што ја потрошила Теслата. Математиката излегува дека потрошувачката на колата на Нгујен изнесува 225 грама ЦО2 на еден километар. (Стартна точка им е просекот за електрични автомобили од 0,5 грама ЦО2 по ват-час.)

Џо завршува со казна од речиси 10.000 евра.

Од Тесла веднаш реагираат во врска со случајот, објаснувајќи дека спорното возило излегло од фабрика во 2014-та, со потрошувачка од 181 ват-час на километар.

"Моделот Ес ги постигнува овие резултати бидејќи емисиите на ЦО2 во автомобилите на гориво се далеку повисоки отколку во електричните автомобили. Во Сингапур создавањето енергија ослободува околу 0,5 грама ЦО2 на еден ват-час. Врз основа на потрошувачката на Модел С од 181 ват-час на километар, ова е еднакво на 90 грама ЦО2 на километар.

Возење автомобил со ист капацитет ама на погон на гориво како на пример Мерцедес Ес-класа Ес 500 ќе резултира со емисија на отприлика 200 грама ЦО2 на километар. А заради вадењето нафта, дистрибуцијата и преработката, уште 25% треба да бидат додадени на оваа количина за да се пресмета вистинската количина издувни гасови од автомобили на погон на гориво.

Ова значи дека електричен автомобил како Моделот Ес има речиси три пати помала емисија на ЦО2 на километар отколку идентичен автомобил на гориво.

Исто така, како што Сингапур ќе го зголеми процентот на електрична енергија добиена од соларни извори или ветер, ЦО2 загадувањето од струја ќе се намалува со секоја следна година."

12 март 2016 - 18:41