Рециклирање, лудом радовање

Милиони луѓе фрлаат милијарди пластични чаши за кафе, особено во земјите во кои е шик да се срка по улица (со што на околината ѝ даваш сигнал дека си ти една многу зафатена персона). Тоа го прават со мирна совест јер нели, све тоа се рециклира. Се рециклира, курац.

Проценките за Велика Британија велат дека годишно се фрлаат 2,5 милијарди еднократни чаши, или 5.000 секоја минута.

Кога не се знае дека има проблем, тогаш не се ни бара решение. А проблем има бидејќи иако сите имаат чувство дека тие чаши подоцна завршуваат како материјал за рециклирање, не завршуваат.

Или пак завршуваат, ама само една на 400 фрлени чаши. Односно на рециклирање оди безначаен 0,1 процент од целото тоа количество ѓубре, главно прописно одвоено.

Зошто? Затоа што нивното рециклирање не е едноставно. Поголемиот дел од таквата амбалажа е покриена со слој од полиетилен кој тешко се одвојува од останатиот материјал. И во земјата нема доволно индустриски капацитети во кои се изведува тој процес. 

Главни прозвани се големите ланци на кафе-шопови како Коста, Старбакс и Кафе Негро. Од Коста реагираа на прозивките, соопштија дека компанијата го признава проблемот и рекоа дека се добредојдени сите иновативни идеи за тоа што да се прави со употребените чаши.

Кафе-шоповите се едни од најдоходовните сервиси во Велика Британија а секој петти Британец секој ден оди во кафуле по кафе. Сега такви локали има околу 18.000 а се проценува дека до крајот на деценијава ќе пораснат на 27.000.

30 јули 2016 - 20:51