Премијата се троши додека си жив

Почина добитникот на рекордната европска лотарија со џекпот од 257.6 милиони долари. Но, барем успеа, додека беше жив, да списка 50 милиони од добивката, свесен дека нема да ги носи в гроб. Само што, уште повеќе пари доби неговата сопруга, со самото тоа што се разведе од него.

Колин Вир бил камерман, оженет за медицинска сестра, кога во 2011-та на лото добил 257.6 милиони долари.

Веднаш удрил на трошење.

Тогаш-вљубената двојка купиле луксузен дом од 6 милиони долари, дополнително вложувајќи стотици илјади во негово реновирање.

Голем мерак имал на расни коњи и автомобили. Си направил завиден возен парк кој вклучува скапи модели како Јагуар, Бентли, Мерцедес....

Купил и мнозински удел од 55% од локалниот фудбалски клуб Патрик Тисл, а дал пари и на Националната партија на Шкотска, за кампањата за (неуспешниот) референдум за независност во 2014.

Сепак, главниот сатар на премијата го удрила жена му, која при разводот успеала да му земе цирка 81 милион долари. 

Испаѓа дека трошел по 131 илјада долари неделно и за 8 години успеал да списка 50 милиони долари. 

Нека му е лесна земја. 

27 јануари 2023 - 10:47