Не, го немате најскапиот Ајфон

100 пати почкарт Ајфон од последниот модел што на пазарот го извади Епл е продаден за 100 пати поголема цена. Зад зделката стои љубовта/болеста наречена колекционерство.

Моментално најскапиот Ајфон што може да се набави директно од Епл е 14 Про Макс, чија најмоќна верзија со 1 терабајт меморија чини 1.599 долари или 93.500 денари.

Ситница за она што загорените колекционери се подготвени да го искешираат за раритетни модели. Пред само неколку месеци, Ајфон кецот беше продаден на аукција за 39.000 долари. Рекордот е срушен неодамна, кога за ист таков модел, неотпакуван, некој решил да се испрси блесави 63.356 долари.

Наддавањето започнало со скромна цена од само 2.500 илјади долари, но 17 дена и 19 наддавања подоцна, се дошло до наведената сума. 

Колекционери на уреди од Епл се особено напалени да имаат парче историја од компанијата која ја сметаат за култна. Оригиналниот Епл-1 компјутер, склопен од Стив Џобс и Стив Возниак во гаражата на Џобс во 1976-та година, на аукција беше продаден за 500.000 долари.

Жената која го продала Ајфонот, го добила на подарок од пријатели, но останал неотпакуван заради ексклузивноста која ја наметнува AT&T додека таа била на друг провајдер. 

27 февруари 2023 - 10:21