Загубарот Опра

Во рок од само една година годишните примања на Опра Винфри се намалија за цели 43% и сега пак заработува повеќе од сите во шоу бизнисот. Со исклучок на Џенифер Лопез.

Во најголем дел заради крајот на нејзиното тв шоу, Опра годинава заработи 125 милиони долари помалку. За споредба, на последната пресметка таа заработуваше 290 милиони долари годишно.

Мрежата на Опра од јануари 2011-та до денес се проценува дека има направено загуба од 330 милиони долари.

И покрај сите овие загуби, Опра успеа да заработи повеќе од сите други. Повеќе од Спилберг, повеќе од Лејди Гага, од Том Круз. На листата на Форбс, единствено Џенифер Лопез има повеќе заработено од неа.

18 мај 2012 - 16:10