Колку чинат сите епизоди од Симпсонови

FXX каналот објави дека во август ќе започне ТВ маратон во кој една по друга ќе бидат пуштени сите 552 епизоди од Симпсонови. Маратонот, без паузи, ќе трае 12 денa.

Ова е прв пат некој канал да ги купи сите можни епизоди од Симпсонови, а цената на пакетчето е 750 милиони долари, или 1,35 милиони долари од епизода.

"Ова ќе биде најдолгиот непрекинат маратон во историјата на телевизијата," изјавил директорот на FX, Џон Ландграф.

За овие пари, FXX го добива правото да ги стримува сериите на нивната мобилна апликација. Рокот на договорот е 10 години.

 Во наддавањето за Симпсонови беа вклучени и Turner Broadcasting, USA Network и Viacom.

11 април 2014 - 12:35