Картите за концерти и догодина ќе бидат изгор

Ако сакате да го гледате својот омилен светски артист, наредната година тоа може да ве чини неколку стотици па и илјадници долари. За големите тоа не е проблем. Тeјлор Свифт за само 24 часа продала 2 милини влезници, викаат било полесно да се набави пиштол отколку карта за нејзин концерт.

Картите за концерт на светски познатиот Бед Бани, чија турнеја Билборд ја оцени како најдобра за 2022-ра, чинеа 250 долари во просек. Магазинот Пулстар утврдил дека влезниците за топ-изведувачите во 1996-та изнесувале просечно 28,50 долари, просекот денес е 108 долари, што е значителен пораст (18%) и во однос не времето пред ковид.

Освен што растот на цената ја следи пазарната логика (цените растат кога побарувачката е зголемена) скокот е резултат и на пост-пандемиската реалност. Турнеите беа ставени на пауза за време на рестрикциите, па артистите сакаат да надокнадат и ги преплавуваат концертните сали што ја крева цената за нивно изнајмување. За сите вклучени да бидат „на свое“, потребно е да се продадат 80% од картите. 

На тоа се надоврзува и фактот дека и за артистите, како и за сите вклучени во организацијата на еден настан, важат поскапувањата што важат за сите луѓе.  

„Одењето на турнеја денес чини 30 до 40 проценти повеќе во однос на пред пандемијата, а бидејќи музиката е речиси бесплатна,  тоа е единствениот начин на кој заработуваат уметниците“, вели Д-р. Адреа Луома, предавач на програмата за менаџмент на Универзитетот во Монтанта.

Онлајн платформите за купување билети, како Ticketmaster, користат „динамични цени“ чија цел е да се максимизира профитот. Во случајот со Тејлор Свифт, на овој начин некои карти се продавале и над 300 долари. Таа е популарна кај младите кои на концерт често одат со родители па тоа се веќе 900 долари само за влезници.

Таа годинава постави рекорд со 2 милиона продадени влезници за само 24 часа, Луома изјави дека полесно било да се набави пиштол одошто карта за нејзината турнеја „Ерас“.

30 декември 2022 - 10:51