Celebgeddon: Денот кога интернетот беше преплавен со приватни фотки од славните

Џенифер Лоренс, Кејт Аптон, МекКајла Маруни се само дел од ѕвездите чии угол голи приватни фотографии се појавија во еден ден на интернет. Локацијата за истурање на купот повторно беше 4chan.

Според корисник на 4chan, фотографиите најверојатно се собрани преку хакнати сметки на ѕвездите на Ајклауд сервисот. (Ајфонот обично од старт е подесен сите фотографии што ги правиш автоматски да ги аплоудува на Ајклауд и таму да ги чува како бекап.)

Приватните фотографии беа објавени во замена за биткоинт (онлајн валутата), а потоа почнаа да се шират насекаде. За денес се очекува да биде објавена нова пратка.

На списокот со девојки кои се објавени или ќе бидат објавени има околу стотина имиња. Претежно се ѕвезди познати во САД, меѓутоа (на страна овие што денес беа објавени) има и имиња како Кендис Свенпул, Хајден Панетиер, Хилари Даф, Јоана Крупа, Ким Кардашијан, Ивон Страховски и сл.

Линкови до сликите сами ќе побарате.

1 септември 2014 - 11:13