Шопинг за луѓе што не сакаат шопинг

Во нешто што е помеѓу де-еволуција на луѓето и јавно ругање на мажите, ланец на супермаркети го воведе првиот "оддел за мажи."

Westside Market од Њујорк посвети еден дел од својата продавница чисто за машко купување, во кој меѓу другото ќе има: дезодоранси, Доритос, сушено месо, сос за скара, пиво и флаширана вода.

"Ако ти доаѓаат другари на гледање натпревар, доволно ти е да застанеш тука и се ќе добиеш. Не мора ни да се мрднеш, имаш пиво, сос за скара, чипсови и што и да е," објаснува еден од директорите на компанијата.

Инспирацијата за воведување на одделот, е едно истражување на ЕСПН кое покажало дека 31% процент од мажите купуваат за своите семејства, споредено со 14% во 80-те.

1 август 2012 - 09:12