Сунити и Шиити, објаснето

Тензиите меѓу Саудиска Арабија и Иран повторно досегнаа нови шпицови по погубувањето на угледен шиитски клерик од страна на властите во Ријад, Тоа истовремено повторно ја разбуди љубопитноста за религиозната поделба меѓу сунитската Саудиска Арабија и шиитскиот Иран.

Во што се разликите меѓу сунитите и шиитите?

Спорот е настанат околу прашањето кој треба да го наследи пророкот Мухамед кој починал во 632 година.

Некои сметале дека тоа треба да биде некој од неговите следбеници додека други верувале дека наследникот треба да се бара во неговото семејство, поточно неговиот роднина Али за кој тврдат дека ја имал поддршката и од самиот Мухамед. 

На крајот Али Бакр станува првиот калиф а шиитите веруват дека целото семејство на Мухамед, особено Али и неговите два сина Хасан и Хусеин имаат посебно место во хиерархијата.

Хусеин бил убиен во 680 година, заедно со поголемиот дел од неговото семејство и тоа секоја година се обележува од Шиите во нивната Ашура, денот на жалоста.

Кои се религиозните разлики?

Сунитите и Шиите имаат многу заеднички верувања и ритуали, вклучувајќи го почитувањето на петте столбови на Исламот. Но, Шиитите го сметаат Али за прв од серијата Имами кои се наследници на пророкот и чии учења се задолжителни упатства за верниците. 

Како резултат на тоа, шиитскиот Ислам има има построга клерикална хиерархија отколку сунитскиот Ислам и го нагласува значењето на ајатоласите и имамите од Ирак и Иран.

Шиитите веруваат во непрекината линија од 12 имами која почнува од Али а 12-от имам е затскриен но ќе се врати да ја врати правдата на светов пред да дојде судниот ден.  

Сунитите ги слават четворицата кои го наследија Мухамед како калифи - праведници но не придаваат значење на религиозните практики на оние кои дошле после нив.

Шиитите имаат неколку верски празници по кои се разликуваат од Сунитите а се поврзани со семејството на пророкот. Меѓу нив и обележувањата на смртта на синот на Али, Хусеин и неговото семејство. Исто така имаат и неколку свои свети места, покрај она во Мека. 


Каква е демографијата?

Последната проценка на Институтот Пју вели дека во светот постојат околу 1,6 милијарда муслимани, или околу 22 проценти од целокупното население. Огромно мнозинство се Сунити (околу 87 проценти) а десетина проценти се Шиити, распоредени во многу гранки од тоа стебло. 

Но, на Блискиот исток диспропорцијата е помала затоа што во регионот има околу 80 милиони Шиити. Иран традиционално се смета за бастион на Шиитите, но тие се мнозинство и во соседните Ирак и Бахреин а ги има доста и во Јемен, Пакистан и Либан. Политички значајни групации шиитите имаат и во Индија и Сирија.

А за центар на сунитскиот Ислам се смета Саудиска Арабија која е чувар на двете свети места на верата.

И, ете ти беља.

7 јануари 2016 - 16:23