Таг: муслимани

Италија ќе забрани намаз со урбанистички закон

Партијата на италијанската премиерка Мелони турка измени на законот за урбано планирање со кои во земјата ќе се забрани досегашната пракса за пренамена на гаражи или магацини во места за молитва.

Кога Британија стрелаше свои војници заради Османлиите

Егзекуцијата се случува во 1915 и во неа се убиени 47 муслимани војници на британската армија оддалечени преку половина свет од битките што Британците ги водат со Османлиите.

Британските служби ловат неподобни муслимани на совети за тинејџери

Веб-страна која се води како „муслиманска он-лајн платформа за животен стил“ излезе дека тајно е финансирана од британското министерство за внатрешни работи. Тие знаат зошто.

Хрватите протеруваат Босанци што не сакаат да кодошат за нив

Разузнавачките структури на Хрватска веќе ги етикетираат како безбедносна закана Босанците што не сакаат да соработуваат со нив.

Калиф Ердоган

Муслиманите од Индија, кои бројат популација од речиси 190 милиони луѓе, се една од најпривлечните групи верници во Исламот за различните муслимански центри на моќ. До сега главната борба за нивна наклоност се водеше меѓу саудискиот вахабизам и пакистанскиот џихадизам. Од пред некое време во играта се приклучи и Ердоган со целата своја отоманска амбициозност.

Непријателот на мојот непријател е муслиман?

Кај Евреите во Германија вкоренетиот страв од нацисти стана засенет со страв од анти-семитизам на над 1 милиони новокомпонирани муслимани жители на Германија кои како бегалци пристигнаа во земјата од 2015 до денес.

Зошто муслиманскиот свет молчи за третманот на муслиманите во Кина?

Бројката на Ујгури во Кина се движи меѓу 11 и 15 милиони луѓе (зависи кого прашаш), и за сега Обединетите нации и САД се главни критичари за начинот на кој Кина ги третира муслиманите во својата земја. Во исто време, стандардно гласните и (финансиски) активни муслимански земји низ светот се неми на темата.

Голманот на Египет одбил награда за играч на мечот поради пивара

Фудбалерите на Египет беа тврд орев за Уругвај во вториот меч од првото коло во групата А, а и покрај поразот од 1:0, голманот на Египет беше прогласен за најдобар поединец на мечот.

Како Рамазанскиот пост влијае врз фудбалерите?

Саудијците кои ќе го отворат Мундијалот против домашната Русија, постат речиси цел месец но тврдат дека се максимално спремни психички и физички за своето историско учество.

Германија меѓу „добродојдосте мигранти“ и „бидете раат Евреи“

Како што земјата почна да вдомува милиони мигранти од делови од светот во кои мразењето Евреи е речиси уставно загарантирано право, така почнаа и да растат тензиите кои не дека ќе тргнат накај смирување.

3-ти април, британскиот Ден на казнување муслимани

Пред неколку седмици во најмалку 6 заедници во Британија пристигна писмо во кое за 3-ти април се најавува Денот на казнување муслимани во Британија. Во писмото е вклучена и таблица според која ќе се бодуваат најразличните типови насилство врз муслимани.

Основи на проблемот со Ерусалим

Во многу полабавите децении војна меѓу Палестинците и Евреите што и претходеа на одлуката на Трамп, и двете страни го сметаа Ерусалим за своја света земја и свој главен град. Сега Трамп само отвори нова димензија, натежнувајќи на страната на Израел.

Гледач се молеше на стадионот во Скопје и ги збуни присутните

На 20-ина минути од почетокот на мечот кога сите гледачи беа на своите места на „Филип Втори Арената“, еден човек спонтано намести ќилимче и го почна својот верски обред што малку ги подисплаши присутните во близина.

Муслиманскиот хор што славеше Божиќ во црква сред Бејрут

Црквата Св. Илија се наоѓа во доминантно муслимански дел од Бејрут. Хорот на Фондацијата Имам Садр, без знаење на верниците, влегува во црквата за да се приклучи на прославата на Божиќ на своите соседи христијани.

Гостиварчанецот од Србиново кој стана светски шампион

Арсенал во последните години важи за најшарениот клуб кога во прашање се националноста и религијата на играчите. Пред неколку дена меѓу „Топџиите“ стигна и фудбалерот кој сака да купи куќа во село Маврово и секоја година доаѓа во Гостивар.

Швајцарски ракувања 2016

И учениците муслимани во Швајцарија ќе мора да се ракуваат со професорот / професорката на почеток и на крај на часот, одлучија швајцарските локални власти.

Зошто Камерон е во право околу тероризмот и учењето англиски

Минатата недела Камерон преку колумна во весник испрати смирувачка порака што англискиот дел од нацијата чекаше да ја чуе, за која кај нас политичарите добиваа шамарање преку уста, дека ако некој сака да живее во Англија треба да зборува англиски и да ги почитува вредностите на земјата во која живее. Деновиве излегоа реакции, од типот - во право е.

Сунити и Шиити, објаснето

Тензиите меѓу Саудиска Арабија и Иран повторно досегнаа нови шпицови по погубувањето на угледен шиитски клерик од страна на властите во Ријад, Тоа истовремено повторно ја разбуди љубопитноста за религиозната поделба меѓу сунитската Саудиска Арабија и шиитскиот Иран.

Како Мухамед Али му одржа лекција на Доналд Трамп

По неодамнешниот предлог на еден од кандидатите за претседател на САД на сите муслимани да им се забрани влез во САД, поранешниот светски боксерски првак не можеше да премолчи на тоа.

Молитвата на Муслиманите на Енфилд Роуд

Ливерпул соопшти дека ќе превземе акција против навивачот кој постираше слика од двајца Муслимани кои се молат во подрумот на Енфилд Роуд и напиша дека тоа било срамота.

Муслиманите кои ја променија културата во англискиот фудбал

Кога во 1992 година се оформи Премиер лигата, единствен фудбалер кој и припаѓаше на исламската вера беше Наим кој настапуваше за Тотенхем. Во моментов таа бројка изнесува 40, а нивното влијание е доста значително во клубовите каде што настапуваат.

Муслиманите од Њукасл имаат проблем со новиот спонзор

Членовите на Њукасл со муслиманска вероисповед добија предупредување дека не смеат да ги носат дресовите на кои ќе го има логото на новиот спонзор Вонга.

Новиот американски М & М

Во 20-от век, доминанти религии во САД беа католицизмот и протестантизмот. Во првата деценија на овој век, најбрзо растат муслиманите и мормоните.