Рехабилитација на џихадот

Во метрото на Вашингтон наскоро ќе осамнат постери во кои се рекламира џихадот. Онаков каков што го сфаќаат умерените муслимани.

Муслимански активисти од Вашингтон започнуваат аутдор кампања во обид да го вратат изворното значење на зборот џихад, кој за просечно медиумски озрачениот Американец асоцира само на тероризам, самоубиствени напади и шеријатски казни.

Организацијата сака да потсети на изворното значење на џихадот како лична борба, па во метрото ќе се постават плакати со порака "Мојот џихад е да продолжам исправено иако го изгубив синот" или "Мојот џихад е: умереноста не е слабост".

За да го поттикне враќањето на значењето, се форсира и хаштаг #myjihad на кој секој го опишува своето лично поимање на џихадот. Во изворното значење, тоа е борба на божјиот пат кој подразбира и потреба да се биде праведен и чувствителен за другите.

31 јануари 2013 - 11:38