Папата ќе љуби нозе на деликвенти

Франциско за следниот четврток најави досега невиден гест: предвелигденската миса нема да се одржи во вообичаените базилики туку во центар за малолетни  деликвенти каде што ќе им ги измие и ќе им ги бакне нозете на 12 малолетници кои се огрешиле од законот.

Колку што Ватикан памти (а памти долго), попладдневната миса на Светиот четврток (ден пред Големиот петок), нема да се одржи ни во базиликата Свети Петар ни во онаа Свети Јован Латерански.

имсата со која се најавува велигденскиот период Франциско ќе ја оддржи во малата капела во еден казнено-поправен дом во близина на Рим, каде што ќе им ги измие и бакне нозете на дузина малолетни штитеници, ритуал со кој се оддава почит кон она што Исус им го направи на своите следбеници по Тајната вечера.

Ваквата церемонија е нормален продолжеток на она што Бергољо го праваше како кардинал на Буенос Аирес кога неговите миси се одржувале во болници, затвори или прифатни центри.

И Бенедикт го има посетено овој казнено-поправен дом но не со ваков ритаул. Последен Папа што миел некому нозе беше Јован Павле Втори, кога во 1980-тата собра неколкумина бездомници на миса во римската катедрала Свети Јован.

Она што сè уште не се знае за Франциско е каде ќе одбере да живее. Во моментов се уште се наоѓа во куќата на Света Марија каде што престојуваат кардиналите за време на конклавата. Во меѓувреме, стандардната резиденција на поглаварот, Апостолската палата, се реновира. Кога го видел зданието во кое треба да престојува, Франциско рекол дека таму има место за 300 луѓе.

23 март 2013 - 11:33