Најмоќната критика на модерниот капитализам од Папата Франциско

Во првиот сериозно голем текст што го напиша за време својот понтификат (288 страници), Папата на досега ретко моќен начин го осудува постојниот светски финансиски систем, опсесијата со трошење, нееднаквоста и тиранијата на капитализмот.

За тоа дека не треба да се заборават на оние кои имале помалку среќа: "Можеме само да ги величаме чекорите кои се превземени за подобрување на добробитта на луѓето во области како здравствена заштита, образование и комуникации. Во исто време мора да се сетиме на мноштвото наши современици кои едвај живеат од ден за ден, со страшни последици."

За сериозноста на економското исклучување: "Како што заповедта 'Не убивај' поставува јасни граници за да се заштити вредноста на човековиот живот, денес треба да кажеме 'Не' на економското исклучување и нееднаквост. Ваквата економија убива."

За иднината на традиционалните економски учења: "Некои луѓе продолжуваат да ги бранат теориите на 'капење' кои претпоставуваат дека економскиот раст, поддржан од слободниот пазар, неизбежно ќе успее во носењето на поголема правда и опфаќање во светот. Ова мислење, кое никогаш не е потврдено од факти, изразува груба и наивна верба во добрината на оние во чии раце лежи економската моќ и во сакрализираното функционирање на доминантниот економски систем. Во меѓувреме, оние исклучените се уште чекаат."

За бумот на нееднаквост: "Додека заработувачката на малцинството расте експоненцијално, така е расте и просторот кој го дели мнозинството од просперитетот во кој уживаат овие неколку среќници."

За светската опсесија со парите: "Ние создадовме нови идоли. Обожавањето на древното златно теле се врати во нов и суров облик на идолатриски однос кон парите и диктаторството на безличната економија, на која ѝ недостасува вистинска човечка намена."

За опасниот микс на нееднаквоста и консумеризмот: "Очигледно е дека незауздениот консумеризам комбиниран со нееднаквоста се покажа двојно штетен за социјалното ткиво."

За улогата на државата во обезбедување на општо добро и регулирање на економијата: "Оваа нерамнотежа е резултат на идеологии кои ја бранат апсолутната автономија на пазарот и финансиските манипулации. Последователно тие ги отфрлаат правата на државите, обвинети за внимавање за општото добро, да применуваат каква било форма на контрола (на пазарот и економијата)."

целиот текст на Папата Франциско тука

26 ноември 2013 - 18:56