Вистината и бизнисите

Најголемата лага што си ја кажуваме е дека ја сакаме вистината и везден сме во потрага по вистината. Ние ја посакуваме неа - во теорија. Во пракса, ја избегнуваме, негираме и се плашиме од неа. Вистината гласи: Вистината е тешка и... непријатна.

Аксиос нуди неколку совети како да се справувате и да ја третирате вистината на работното место.

1. Кажете ја. Да се ​​биде искрен со некого е поголема почит отколку да се воздржувате. Бидете отворени, но со почит. Да се биде искрен не значи дека имате лиценца да бидете кретен.

2. Посакувајте ја. Треба да сте подготвени да слушате тешки вистини и самоуверено да ги прифаќате. За една организација, тоа значи создавање на средина каде искреноста се наградува или барем се прима со почит. Дефанзивноста и одмаздата се смртни непријатели на кажувањето на вистината. Понизноста е нејзин спасител.

3. Садете ја. Многу лидери и менаџери се кријат во маглата на негирање или двосмисленост. Ги игнорираат проблематичните луѓе или трендови. Негираат лоши бројки или големи грешки. Се залажуваат во врска со конкуренцијата. Сето тоа е потрошена енергија. Единствениот начин да се соочите со тешките работи е директно и со широко отворени очи.

4. Справете се со неа.  Она што е очигледно за вас веројатно не е очигледно за другите. Ако сте им менаџер, тие нема да знаат ако не им кажете. Не правите ништо за вработените или за вашиот тим ако само ги споделувате проблемите со другите менаџери а не се справувате со нив. Работите со возрасни луѓе, така и однесувајте се со нив.

5. Живејте ја. Отпуштете ги токсичните вработени. Стопирајте ги производите со слаби перформанси. Поправете ги расипаните структури. Ако објасните искрено, луѓето многу полесно ги прифаќаат тешките одлуки отколку ако за тоа дознаат индиректно. Ако претходно сте поставиле култура да ја очекувате и почитувате вистината, горчливите лекови полесно се голтаат.

24 јуни 2023 - 21:04