Овие стварно сакаат да останат невработени

Ген З работниците бараат резимето веќе да не биде главен фактор за наоѓање работа, туку дека тие треба да бидат вработени заради нивната „личност“, а не заради продуктивноста.

Описот на работната позиција што тие ја замислуваат е „да кажува шеги, да муабети и да шири живост, неопходни за ‚позитивни чувства'“, а работното место ќе биде - човек за позитивност.

22-годишната Бела Роуз Мортел, инаку самопрогласена ЦВО (chief vibes officer), за Бизнис инсајдер објаснува дека нејзините претходни шефови биле благодарни за нејзината „енергија“ што за нејзе е „најпријатниот комплимент“ што го добила.

Нејзиниот совет до генерацијата е дека ако сакаат да се наметнат како кандидати за ова работно место да почнат на работа да користат повеќе Ген 3 сленг, како на пример на шефот да му се обраќаат со „кралу“.

Според нејзе сигурен знак дека си завршил работа и си внел позитивни чувства на работното место е кога колегите ќе почнат да ти враќаат на „твој“ јазик.

27 ноември 2023 - 14:57