Зошто 3 ракии никогаш не се 3 ракии

Една од најголемите мистерии кај студиите за алкохол е што кога ќе го собереш целиот алкохол што луѓето пријавиле дека го пијат, тоа нема да биде ниту половина од вкупната продажба на алкохол. Значи или лажеме или стварно немаме поим колку пиеме.

Студија на темата го зема ова предвид и прави истражување кое треба да се справи со аномалијата. Во неа прво се анкетираат 40.000 луѓе со стандардни прашања за квантитетот и фреквентноста на пиење алкохол.

Регуларните прашања биле "Колку пијалаци сте испиле минатиот месец?" и слично. Пресвртот е што по ова тие продолжуваат со прашања од скорешно минато - "Колку пијачки испи вчера?" Корисното во овој метод е што го открива криењето или непријавувањето на пијачки. Па така, 50% од луѓето кои изјавиле дека пијат еднаш месечно, одговориле дека и вчера пиеле алкохол. Шансите за ова да се случи и вака да се преклопат деновите кај луѓето кои навистина пијат само еднаш месечно, се околу 3%.

Во заблудата околу алкохолот подеднакво лоши биле и мажите и жените. Разликата се појавила само кај типовите на пијачи. Па така луѓето кои најмалку пиеле, биле во најголема заблуда околу тоа колку пијат, признавајќи го само секој 4-ти пијалак. Најпрецизно (повторно со голема разлика) количината на испиен алкохол ја пријавиле луѓето што најмногу пијат.

11 јуни 2014 - 11:11