Умереното пиење и имунитетот

Студијава ќе им помогне на научниците да најдат нови начини за подобрување на имунитетот на телото, а вам ќе ви помогне да ги смирите сите дилеми додека попладнечки ја ставате чашата ракија / вино "за опуштање."

Луѓето кои умерено пиеле алкохол имале помали шанси за смрт, тврдат од Универзитетот за Здравје и Наука од Орегон.

Откритието се базира на истражување на мајмуни кои биле вакцинирани против сипаници. Потоа биле поделени во две групи - едната со пристап до 4-процентен етил алкохол и едната со пристап до шеќерна вода (нормално им биле дадени вода и храна). По ова тие биле мониторирани околу 14 месеци.

Во групата што имала етил едни мајмуни пиеле повеќе од други. Мајмуните од оваа група кои пиеле помалку малку имале подобри резултати на второто вакцинирање отколку мајмуните што биле во групата која имала пристап само до шеќерна вода. Тие што многу пиеле имале најлоши резултати.

Сега научниците се обидуваат да откријат зошто имунитетниот систем вака реагира на умереното пиење алкохол.

31 декември 2013 - 10:23