Сите вие „чашка на ден“ дами и господа, само продолжете, на добар пат сте. Сериозно

Умерено пиење, што во народот се мери како една чаша ракија, вино или пиво на ден, ги подобрува мозочните функции кај средовечни или постари возрасни лица, се тврди во нова научна студија.

Студијата се базира на податоци од 20.000 учесници следени од 1996 до 2008, кои секоја година биле тестирани и пополнувале колку алкохол пијат.

Резултатите покажале дека лицата кои пиеле умерено имале значително повисоки когнитивни резултати за менталниот статус, сеќавање на зборови и вокабулар низ годините, како и пониска стапка на опаѓање на менталните капацитети во секоја од овие области.

Студијата се разликува и по тоа што таа резултатите ги дели и по етничка припадност, каде открива дека позитивниот исход од умереното пиење алкохол важи за белите испитаници, но не и за црнците.

Научниците предупредуваат дека ваквиот етничко диференциран исход многу повеќе треба да се гледа од перспектива на социо-економски и културолошки фактори, кои влијаат на биолошкиот исход.

6 јули 2020 - 11:17