Празен буџет ганџа сонува

Британците пресметаа дека копирањето на моделот на Колорадо за легализирање на марихуаната (легална продажба на полнолетни лица преку лиценцирани продавници) годишно ќе им донесе околу 1,3 милијарди евра од данок, плус парите што ќе се направат во економијата.

Студијата која ја спроведува панел експерти што вклучува научници, академици и полициски началници, ја повикува британската влада да го следи примерот на САД. Извештајот преставува основа врз која Либерал-демократската партија планира да ја оформи својата нова политика околу дрогите.

Предлозите на панелот се:
- Полнолетни лица да можат да купуваат канабис од лиценцирани продавници, на кои ова ќе им биде единствена дејност (нешто како аптеките).

- Ќе биде дозволено домашно одгледување на канабис за лична употреба, како и основање на мали лиценцирани клубови за канабис. Брендирање, промоција или рекламирање на канабис ќе биде комплетно забрането.

- Цената, потентноста и пакувањето на целиот канабис што се продава ќе биде контролирано од Владата, преку нов регулатор кој ќе биде основан за овие потреби. Цената би била непропорционално поголема за посилниот канабис со цел да се обесхрабри продажбата на овие видови.

- И производството и продажбата на канабис ќе биде оданочено, од што се очекуваат дополнителен даноци од меѓу 650 милиони и 1,3 милијарди евра.

Освен парите, очекуваната корист од легализацијата е намалување на криминалот поврзан со дрогите и избегнување на штетните ефекти од дрогата врз корисниците.

Еден од најчовечките аргументи од членовите на комисијата околу легализацијата е "реалноста е дека милиони луѓе и онака користат канабис, заради што постои се поголем притисок врз државата да ја преземе контролата на трговијата од гангстерите и дилерите."

9 март 2016 - 09:58