Таг: британија

На британската армија ќе и снема муниција после 10 дена војна

Во случај да избие војна Британците ќе можат на непријателот да му парираат 10 дена со муниција, тврди во сведочењето пред британскиот Парламент поранешен висок функционер на тамошното министерство за одбрана.

Англискиот станува сè полежерен

Некои од традиционалните начини на говорење на британскиот англиски изумираат - покажува анализа на повеќе од 100 милиони зборови. Иако студијата се однесува на овој јазик, се обложуваме дека важи и за голем број други, секако и на македонскиот. 

Британија би можела да ја признае Палестина

Пред воопшто да се потпише каков било договор за решавање на палестинското прашање меѓу Палестина и Израел, палестинската држава би можела да биде признаена од Британија, порачува британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон.

Борис Џонсон извади најшвалерско оправдание за да куртули од истрагата за ковид

Поранешниот премиер на Британија не може да ги предаде разговорите од Вотсап на официјалната истрага за коронавирус во Британија, затоа што човекот го заборавил пинот на телефонот.

Британија „тивко“ увезува милиони фунти руска нафта

Само во јуни и јули годинава, на британските пристаништа е испорачана руска нафта во вредност од 94 милиони долари. Нафтата само на хартија нема руско потекло.

Британци обучувале тајна „партизанска“ армија во Украинa

Протечени документи обелоденуваат планови на британски воено-разузнавачки кругови да регрутираат и обучуваат тајна воена единица за диверзии и саботажи на Крим. Притоа сумата е фантастична: 600.000 долари годишно за обука на еден „партизан.“

Долга е раката на пандемијата

Пандемијата заминува но во наследство ни остава  - вишок смрт. Не се умира од ковид, ама се умира повеќе отколку пред да почне белјата. Зачестените смртни исходи на проблеми со срцето и дијабетес укажуваат дека пандемијата допрва ќе прави зулум и дека индиректно ќе усмрти и повеќе луѓе отколку кога коронавирусот беше главен.

75 години по напуштањето на Индија, Британија доби премиер Индиец

Откако Борис Џонсон објави дека се повлекува од трката за премиерското место (и покрај тоа што имаше поддршка од 102 пратеника), а претседателката на Долниот дом се откажа од трката, поранешниот министер за финансии на Британија, Риши Сунак, неофицијално е следниот премиер на Британија.

За 44 дена мандат, Лиз Трас доживотно ќе добива по 115.000 фунти

Со 6-неделната кариера како премиерка на Британија, Лиз Трас целосно се квалификува за доживотно издржување од државата во износ од 115.000 фунти годишно.

Археологија на сегашноста: изложба на списоци за пазарување

Сè започнало кога Луси Ајрленд Греј, студентка по археологија, стоела пред локалното гранапче и забележала парче хартија на тротоарот - коверт кој бил реупотребен за некој да си напише список за купување. Набргу почнала да ги забележува насекаде.

Лиз Трус погубна за британските берзи

Вредноста на акциите и обврзниците на британските берзи вкупно се во минус од најмалку 500 милијарди долари откако Лиз Трус стана премиерка на Британија, додека фунтата дојде на чекор од историско изедначување со вредноста на доларот.

Крвавиот обид за киднапирање на британска принцеза

Дури седуммина се обиделе да го запрат Јан Бол, невработен ментално болен од северен Лондон, кога овој се обидел да ја киднапира принцезата Ана, единствената ќерка на кралицата Елизабета Втора. Еден новинар, поранешен боксер, двајца шофери и тројца полицајци подоцна биле одликувани од кралицата. А мајката им се заблагодарила.

На кафе со Хитлер

Нова книга содржи фасцинантна приказна за тоа како ексцентрична група британски разузнавачи користеле аматерска дипломатија за да навлезат во високата нацистичка команда, и да спречат избувнување на Втората светска војна. Начинот на којшто планирале да го сторат ова бил необичен - да ги „цивилизираат“ и „просветлат“ нацистите, со тоа што ќе ги носат на убави вечери, ќе пијат добри вина и ќе разговараат на интелектуални теми.

Британците имаат помалку од 100 дена да потрошат 14 милијарди фунти во стари пари

Банката на Англија им даде фора на сите Британци до крајот на септември да ги потрошат сите стари хартиени банкноти со вредност од 20 и 50 фунти. По 30-ти септември овие банкноти го губат статусот на легално платежно средство.

Британија ќе депортира и украински бегалци во Руанда

Од првичното дека депортации „едноставно нема да се случат“ сега британскиот премиер изјави дека украинските бегалци кои нелегално ќе влезат во Британија би можеле да бидат испратени во Руанда.

Нема и зелена планета и вртење скара

Британски град реши да стави забрана за користење за сите видови скара затоа што скарата работи на запален ќумур и дрва што пак придонесува кон зголеменото загадување на планетата.

Како може Русија да му врати на Западот?

По воведувањето санкции од Британија, САД и остатокот од Западот, новинарот на Космомолскаја правда  разгледува комплет од, како што тој ги нарекува, петте „пеколни“ санкции што според него Русија би можела да му ги наметне на Западот.

Британија и САД почнаа да редат санкции против Русија

Главнината на санкциите што ги објави Џонсон се против вообичаените ентитети: руските банки, овој пат речиси сите, милијардери на власт и околу Путин, и воената и нафтената индустрија. Нешто сличен список извади и Бајден.

Џонсон само со тенкови ќе го извадат од Влада

На Борис Џонсон периодов му се собраа доволно негативни поени во јавност што дури и дел од неговите сакаат да го „кенселнат“ од премиерската позиција, а нему пак не му се остава Даунинг стрит 10.

Британија ја укинува задолжителната вакцинација за медицинските лица

Иако вакцинацијата останува најдобра одбрана против ковид-19, јас верувам дека повеќе не е пропорционално да се бара задолжителна вакцинација за лицата ангажирани во здравствениот систем, порача британскиот министер за здравство, Саџид Џавид.

Ковид рестрикциите базирани на килави податоци

Највисоките британски здравствени советници се обвинети дека промовирале „сомнителни податоци“ кои претеруваат околу ризикот од омикрон варијантата.