Фондација отворена бесмртност

На американски професор му се доделени 5 милиони долари да ја истражува бесмртноста. Никакви сеанси со покојници, никакво бркање духови – човекот е филозоф.

Џон Мартин Фишер располага со оваа импресивна сума доделена да ја истражува темата која во крајна линија сепак ќе ни остане непозната.

Професор Фишер е атеист кој долго време се занимава со овие гранични подрачја на суштинското прашање кое ја окупира филозофијата и уметноста со векови. А парите му се дадени од Фондацијата Џон Темплтон, еден религиозен магнат кој почина во 2008-ма, оставајќи аманет со парите да се проучуваат големите прашања на духовноста.

Фишер ќе треба да анимира врвни научници и теолози што со оглед на средствата, нема да му биде проблем.

75 експерти се пријавиле на конкурсот на кој Фишер ќе подели по 250.000 долари на 10 истражувања на теми како што се: дали може да се симулира вонтелесно искуство, дали може да се продолжува животот во недоглед, дали вербата во рај и пекол ги спречува луѓето да прават злосторства и сл.

1,5 милиони ќе им бидат поделени на филозофи и теолози кои ќе пишуваат за разни аспекти на бесмртноста а остатокот ќе се потроши на конференции, публикации и веб сајтови.

Фишер не верува во задгробен живот но ја остава можноста отворена. "Да примениме строга научна методологија на духовни теми па да видиме што ќе добиеме," ги сумира тој очекувањата.

Критичарите на овој проект велат дека 5 милиони долари можеле многу попаметно се потрошат на подобрување на оваа страна на животот.