Том Јорк до премиерот: Глеј пипни!

И кај нас ова може да го каже музичар. Ако има договорена тезга за спротивната кампања. Том Јорк му порача на британскиот премиер ни под разно да не помислува да ја користи неговата музика за политички цели за да не му стегне тужба која ќе го "истрасе од гаќи".

Фронтменот на Radiohead и Atoms for Peace му порача дека безмилосно судски ќе го гони британскиот премиер Дејвид Камерон доколку реши да ја користи неговата музика во политичка кампања.

"Не е забавно да се пишува за политика... Не можам да кажам дека ми се допаѓа помислата нашата музика да му се бендисува на некој банкар, или на Дејвид Камерон... Ама од друга страна, кому му е гајле?, изјави Том Јорк за Dazed & Confused.

"Сè додека не ја користи музиката за свои политички кампањи, сеедно ми е. Но, ако се осмели да го направи тоа, од гаќи ќе го стресам со тужба," рече Јорк.

Во 2010-та година во слична ситуација се најде бендот Keane чија песна Everybody's Changing беше искористена за една предизборна конвенција на конзервативците. Бубњарот на групата изјави дека после ваквата злоупотреба никогаш не би гласал за таа партија.

17 јануари 2013 - 18:38