Стонси за 5 милиони долари

Годинава Ролинг Стоунс тргаат на својата прва турнеја од 2007-ма која нема да биде ниту "проштална," ниту "последна," ниту "за пензионирање". Се што бараат Стонси се 5 милиони долари од концерт.

До сега е договорен само Северноамериканскиот дел од турнејата во кој Стонси ќе настапат на 18 различни локации. Од остатокот од светот, сега за сега закажан е само Хајд Парк за јули.

Почетокот на турнејата ќе биде на 2-ри мај, а голема е веројатноста тие по завршувањето на турнејата низ Северна Америка да ја прошират својата листа на градови.

Последната турнеја на Ролинг Стоунс беше во 2006-та / 2007-ма, а минатата година на 4-те концерти во САД заработија 18,3 милиони долари.

Најскапите билети за годинешната турнеја се очекува да бидат меѓу 500 и 650 долари.

Најмлад член на Ролинг Стоунс е Рони Вуд, кој има 65 години. Останатите или веќе имаат наполнето или годинава ќе наполнат 70 години.

22 март 2013 - 22:39