Вести од загрозен вид

Ниту четвртина од Американците не одговориле позитивно на прашањето: "Дали вчера прочитавте печатен весник?"

Во истражувањето на PEW, вкупно 29% од испитаниците изјавиле дека вчера прочитале весник, но печатена верзија отвориле само 23% (останатите 6 се апликации и веб сајтови на весници). За споредба во 2006-та, на ова прашање позитивно одговориле 38%.

Бројот на луѓе кои редовно читаат весник (што не значи секој ден) изнесува 38%, споредено со 54% во 2004-та. Во овие бројки не се вклучени луѓето кои го добиваат вестите преку агрегатори како Гугл Њуз и Јаху Њуз.

Единствено полоша е состојбата со магазините, кои на истото прашање (дали вчера прочитавте печатен магазин) добиле добиле позитивен одговор од само 17% од анкетираните. Печатените книги и натаму држат највисоко ниво на читатели, со цели 30%.

Инаку само 12% од испитаниците изјавиле дека добиле или испратиле писмо во претходниот ден.

15 октомври 2012 - 18:31