Вашингтон пост суспендираше новинар заради ретвит на виц

„Секоја девојка е ’би’. Само треба да откриеш дали тоа е ’поларна’ или ’сексуална’“ е твитот што беше доволно неподнослив за Вашингтон пост, за новинарот Дејвид Вајгел, со 8-годишен стаж во весникот, да биде суспендиран заради него.

Дејвид Вајгел, суспендираниот новинар на Вашингтон пост

Вајгел, кој покрива политика за Пост, бил исцинкарен од својата колешка Фелиција Сонмез, која на ретвитот одговорила со „фантастично е да се работи во медиум во кој ретвити како овој се дозволени“.

Сомнез потоа го конфронтирала Вајгел на еден од службените канали што Пост ги има на Слак, директно обраќајќи му се со „Извини, ама што е ова?“

Во дискусијата се вклучуваат неколку вработени, за на крај да интервенира националната уредничка Матеа Голд која порачува „ве уверувам сите дека Пост е посветен на одржување на работна средина со почит кон сите. Ние не толерираме понижувачки говор или постапки.“

И портпаролот на Вашингтон пост потврдил дека за весникот „твитот заслужува прекор и дека понижувачки говор и постапки како таа нема да бидат толерирани.“

Казната за Вајгел за ретвитот ќе биде суспензија од најмалку еден месец.

8 јуни 2022 - 13:45