Хералд Трибјун го смени името

Угледниот медиумски бренд International Herald Tribune станува International New York Times. Оваа промена на името не му е прва во неговото 126 годишно постоење.

Францускиот весник стартува во Франција како Paris Herald, за само после 9 години да се именува како The New York Herald Tribune (European Edition).

Досегашното име го добива во 1967 -ма година кога Њујорк Тајмс и Вашингтон Пост ја преземаат контролата врз весникот. 

Во 2003-та, Њујорк Тајмс станува единствен сопственик на Хералд. Сега го става своето име во насловот на весникот како дел од пошироката стратегија да се засили статусот на Тајмс како глобален бренд, во време кога на домашниот пазар му бледеее влијанието.

"Дигиталната револуција го претвори Њујорк Тајмс од голем американски весник во еден од најпознатите светски провајдери на вести. Сакаме да ја искористиме таа можност", се вели во соопштението на ЦЕО-то Марк Томсон во кое се објаснува ваквата транзиција.

Подолу неколку потсетувања како досега изгледал Трибјун:

17 октомври 2013 - 09:24