Џон Стујарт се враќа дома

Нов водител и извршен продуцент на водечкото шоу на Комеди централ ќе биде човекот што го прослави и го претвори Дејли шоу во бренд и најпопуларниот водител на шоуто - Џон Стујарт.

За почеток, од 12 февруари па најмалку до завршување на изборите во САД, Стујарт ќе биде домаќин на понеделничкото издание на Дејли шоу. Плус, тој ќе биде и извршен продуцент и ќе работи со комичарите кои ги имаат термините во остатокот од неделата.

Стујарт го водеше Дејли шоу цели 16 години, завршувајќи токму некаде пред почетокот на изборната трка меѓу Трамп и Хилари. Стујарт беше заменет од Тревор Ноа кој во 7-те години во шоуто не успеа баш да го повтори успехот на своите претходници.

По напуштање на Комеди централ, Стујарт работеше на шоу за ЕплТВ. Соработката нагло престана минатата година, неофицијално заради преголемата контрола што Епл сакал да ја има врз програмата.

30 јануари 2024 - 14:04