Анти-научникот што ја купи Национална географија

Организација која им дели грандови на научници, само што стана нова сопственост на милијардер кој го отфрла постоењето на климатски промени. Мурдок ја купи Национална Географија.

Магазинот Национална Географија е непрофитна публикација уште од неговото основање во 1888-ма. Овој статус радикално ќе се промени откако магазинот потпиша 725 милиони долари вреден договор со медиумската империја на Руперт Мердок.

Нивните нови партнери, Мурдок и Фокс, се "главниот извор во светот за дезинформации околу глобалното затоплување." Ова е посебно проблематично, ако се има предвид дека една од главните мисии на Национална географија е давање грандови на научници.

За 725-те милиони долари што ги плаќа, Фокс ќе добие 73% од сопственоста на Национална Географија. Во соопштението за продавањето на компанијата, ЦЕО-то на НГ порачува дека партнерството "ќе испорача и осигури дека ќе имаме поголеми ресурси за оваа работа, која ги вклучува и нашите грандови за поддршка на научниците и истражувачите околу светот."

"Руперт Мердок е невиден шупак, а исто така ги негира и климатските промени. Негатор кој сега има уште повеќе моќ и влијание над научните грандови во САД," пишува Џени Хардин во текстот за БоинБоинг.

Мурдок за климатските промени:

10 септември 2015 - 14:40