Некогаш малку прави разлика

22 годишна студентка била силувана и толку бесно претепана што мајка ѝ не ја препознала. А била на улица затоа што ја исфрлиле од автобус. Ѝ недостасувале 20 пени за картата од 5 фунти. Десет минути ги молела останатите патници да ѝ позајмат. Никој не се фатил за џеб.

Исфрлена од автобусот, 22 годишната студентка по право налетува на 19 годишниот Џозеф Морен (на сликата) кој веќе има сериозно полициско досие.

Ја силува и ја претепува толку крвнички што подоцна во болница, мајката на студентката не успева да ја препознае својата ќерка.

Снимките од автобусот покажуваат како девојката го моли шоферот да ѝ попушти за 20-те пени кои и недостасувале за карта до дома. Во меѓувреме влегуваат патници, останатите ги слушаат молбите но никој не реагира. На крајот, шоферот дефинитивно не попушта и ја исфрла девојката надвор.

"Некои го осудуваат шоферот но единствениот виновник во случајов е Џозеф Моран. Да не наидеше таа, ќе наидеше некоја друга жртва," вели шефот на полицијата во Нотингемшир.

8 јуни 2012 - 08:50