Што добиваат швалерките во Кина

95% од корумпираните кинески функционери имале љубовна афера, а 60% имале постојана љубовница (барем една). И не е дека мора да бидеш корумпиран за да имаш швалерка, само проблемот е што оваа навика не е воопшто евтина.

Одржување на платена швалерка во Пекинг чини околу 3.200 долари месечно, додека во помалите градови прифатливо е и за цена од 1.600 долари на месец. Од друга страна најскапите љубовници добиваат и до 1.600 долари на ден. Во оваа сума не се вклучени парите за подароци.

Во повеќе случаи швалерките (на различни мажи) се групирани во нови згради низ Пекинг.

"Агенциите за недвижности ги таргетираат провинциските функционери или бизнисмени, кои сакаат да купат недвижнина во Пекинг. Овие мажи, становите купени како инвестиции ги полнат со своите жени," пишува Џејмс Палмер, британски писател и уредник кој живее во Пекинг.

Најголемиот дел од љубовниците се рурални жени, кои завршуваат во Пекинг преку секс. Тие може да бидат собрани во некој караоке бар, салон за масажа или ноќен клуб, кои се задолжителен дел од бизнисот. Љубовниците за време на коктели по официјалните средби "напредуваат" за да стигнат во Пекинг или некој од поголемите градови.

"Така дојдов во Пекинг. Бев со еден функционер во Неиџианг, и во посета им дојде инспекција. На еден од функционерите кои беа дојдени навистина му се допаднав и побара од човекот со кого бев тогаш да ме позајми, во замена за врски. Па спиев со него додека тој беше во Неиџианг, и потоа тој ме донесе во Пекинг. Ама не успеа меѓу нас," му објаснила на Палмер една од љубовниците што ги запознал во Пекинг.

Целата приказна на Паркер

4 декември 2013 - 16:14