Преброј се

Да не биде истресено од ракав, Англичаните се договорија колку партнери треба да има некој за да може да кажеш дека е промискуитетен.

Ако не сте кажале до сега број на партнери, тогаш бројот што треба да го бркате е - 10. Само еден партнер повеќе или помалку и сте утнале.

Анкетираните сметаат дека сите што имале над 10 партнери се промискуитетни, додека сите под 10 биле неискусни. Околу бројката се согласуваат и машките и женските испитаници.

Од околу 1.000 анкетирани членови на SeekingArrangement.com околу 11 проценти изјавиле дека таман бројот е меѓу 10 и 30 партнери, а само 3% би сакале нивниот партнер да имал над 30 љубовници.

Во основа 65% од жените и 70% од мажите не сакале да го знаат вистинскиот број на љубовници на нивниот партнер.

6 септември 2012 - 15:47