Порното не би го издржал ни НФЛ играч

За време на снимањето порно актерките минуваат низ физички напор и болка што не би го поднел ни играч од НФЛ, објаснува девојката која знае што зборува - Аурора Сноу.

"Замисли ме сред порно сцена: потта ми тече по лице, нозете ми се тресат, вилицата ме боли од што премногу време била отворена, додека вратот не можам да го осетам затоа што премногу долго време бил извртен во чуден агол. Најголемиот дел од луѓето имаат погрешно сфаќање за мојата работа. Запомнете дека порнографијата се снима за гледачите. Затоа во лето нема клима на снимање (премногу е гласна), а и сценографијата не е секогаш, ниту често, гламурозна," објаснува Ребека Кенсингтон а.к.а. Аурора Сноу.

Таа кариерата ја почнува во 2000-та и како и секоја девојка прво настапува во почетнички филмови, во кои од неа се бара само вагинален секс. Со тек на време темата "нова девојка" веќе не пали кај публиката и почнува да влегува во "покомпликувани сцени."

"Бев насмеана низ гонзо сцените, меѓутоа потоа дома си одев болна, ќе се свиткав како топка, целата во болка. Секогаш има цена која треба да се плати. Штетата што му ја нанесуваме на нашето тело допрва ќе не стигне. Се надевам дека нема да биде трајна," раскажува Сноу.

Според неа актерките се сериозно изложени на внатрешни повреди, исто како што кај спортистите има ризик од истегнување на тетива.

"Никакво растегнување не може да те подготви за она што може да ти се случи на снимање, ако работите тргнат на лошо. Никој не сака да зборува за повредите, па заради тоа е тешко да се утврди колку често тие се случуваат. Колку што јас знам повредите не се рутина, меѓутоа неколку од нас, меѓу кои и јас, сме претрпеле голем број повреди. Мојата прва повреда на снимање беше кога еден алчен актер, кој воопшто не се грижеше за моето тело имаше секс со мене како да сум кукла од партали. Откако се повредив, режисерот предложи да ставам маст и да продолжиме со снимање. Беше болно ама мораше да се продолжи."

Што се однесува до машките актери, тие се далеку помалку склони на повреда, меѓутоа кај нив притисокот е од опасноста да не можат да си ја извршат својата работа. Не само што може да се случи на актерите да не им се допаѓа партнерката со која ќе работат, туку ретко кој може редовно да има иста конзистентност на снимањата (заради што и е мал бројот на порно актери) и сето ова се случува пред публика од камермани, режисери и остатокот од екипата. Иако многумина не признаваат, сепак најголемиот дел од актерите земаат вијагра.

Иако парите што ги земаат актерките се добри, сепак тие се далеку од парите што ги земаат меинстрим актерите. Тие немаат никакви социјални бенифиции, ниту пак им се плаќа од час или пак им доплаќаат за прекувремено. Девојките одат на снимање и таму се сè додека не завршат, без разлика колку часа трае сцената.

19 март 2013 - 16:25