Не бидете ѓубре, помислете на бившите за Валентин

Не е важно како завршиле работите, важно е дека за овој Валентин имаш шанса да се покажеш дека ти си поголемиот човек и дека си над целата работа со тоа што - за 5 долари ќе крстиш бубашваба по бившиот/бившата.

Зоолошката во Сан Антонио за католичкиот празник даде понуда да крстиш бубашваба и со истата да нахранат некое од животните во зоолошката (на кое бубашвабите му се стандардна исхрана).

Има и ВИП пакет во кој за 20 долари ја добиваш истата понуда ама со глушец, со кој ќе биде нахранет некој од тамошните рептили.

Бонус во целата работа е што зоолошката планира да врши пренос од хранењето на Фејсбук лајв, па не мора да го трошиш времето за да одиш таму и да гледаш.

Секој што нарачал ќе добие и сертификат од зоолошката за својата нарачка што ќе може да го објави на социјалните мрежи, каде ако сака ќе може и да го тагира човекот на кого му е посветен овој симболичен гест.

11 февруари 2020 - 12:28